Казахстан ветува дека нема да и помогне на Русија да ги заобиколи санкциите, пренесува Интерфакс.
„Казахстан нема да биде средство за заобиколување на санкциите на САД и ЕУ против Русија“, рече Тимур Сулеименов, економист и прв заменик-шеф на претседателската администрација на Казахстан, во интервју за Еурактив.
Официјалниот претставник рече дека дошол во ЕУ за „да им покаже на нашите европски партнери дека Казахстан нема да биде алатка за заобиколување на санкциите на САД и ЕУ против Русија“.
„Ќе се придржуваме до санкциите. И покрај тоа што сме дел од економската унија со Русија, Белорусија и други земји, ние сме и дел од меѓународната заедница. Затоа, последно што сакаме е Казахстан да биде подложен на секундарни санкции од САД и ЕУ“, нагласи Сулеименов.
Во исто време, според него, Казахстан „ќе продолжи да инвестира во Русија и да привлекува инвестиции за Русија: нашата економија не функционира поинаку“.
Украинците ја потиснуваат руската војска северно од Киев, тврди Украина
Но, ќе се потрудиме да ја контролираме санкционираната стока. Ќе дадеме се од себе да ги контролираме сите инвестиции во Казахстан од лица или организации кои се под санкции, а тоа сакавме отворено да им го пренесеме на Европејците. Да покажеме дека имаме систем, а овој систем, за жал, ќе остане уште долго време“, рече тој.