КАЗАХСТАН: Демонстранти влегоа во зградата на Владата, се слушаат пукотници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Протестите против поскапувањето на енергенсите во Казахстан ескалираат, а лута толпа упадна во канцеларијата на градоначалникот во Алмати.

Loading...

Во друг голем град, Актобе, демонстрантите веќе ја окупираа административната зграда.

Според локалните медиуми, се слушнале и истрели.

 

 

Казахстанските безбедносни сили уапсија повеќе од 200 учесници во дводневните демонстрации поради нарушување на јавниот ред и мир во неколку региони на земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Заради зачувување на јавниот ред, полицијата презеде законски мерки за спречување на јавни протести и уапси неколку учесници.

Loading...

Во нередите повредени се 95 припадници на полицијата, а оштетени се 37 полициски возила“, се вели во соопштението.

 

 

Полицијата беше употребена доцна синоќа за да ги потисне стотиците демонстранти од главниот плоштад во Алмација, најголемиот град на оваа поранешна советска република, а конфликтите траеја со часови и во близина, пренесе Ројтерс претходно.

Овие демонстрации го разнишаа имиџот на Казахстан како политички стабилна и строго контролирана земја, која успеа да привлече стотици милијарди долари странски инвестиции во својата нафтена и метална индустрија во текот на трите децении независност.

Владата падна поради демонстрациите и беше прогласена вонредна состојба.

 

Loading...