Ривалството помеѓу браќата и сестрите е реално. Без разлика дали станува збор за борба за дополнително парче чоколадо или облека, ривалството помеѓу браќата и сестрите е нешто што се случува во секое семејство со повеќе деца.
Сепак, расправиите меѓу браќата и сестрите всушност можат да бидат позитивна работа, објаснуваат научниците.
Имено, студијата спроведена од истражувачи од Универзитетот во Кембриџ вели дека расправиите со браќата и сестрите во детството всушност помагаат во емоционалниот и менталниот раст, пренесува India Times.
Студијата наречена Toddlers Up набљудувала вкупно 140 деца, а она што тие го заклучиле е дека браќата и сестрите имаат големо влијание еден врз друг.
Всушност, борбата со браќата и сестрите кога сме помлади помага да ги развиеме нашите социјални вештини.
Како што објаснуваат авторите на студијата, кога браќата и сестрите се расправаат, начинот на кој ги обликуваат своите аргументи игра важна улога во подобрувањето на менталното здравје и непречениот развој.
Повеќето од браќата и сестрите се обидуваат вербално да ја решат расправијата и тоа им дава можност да ги совладаат своите ментални способности, но и знаењето.
Тоа значи дека овие борби всушност им помагаат на децата да прераснат во паметни и одговорни луѓе.
Меѓутоа, ако ривалството помеѓу браќата и сестрите се прошири од детството до зрелоста и не исчезне, експертите предупредуваат дека тоа сепак не е добро за емоционален раст.