Повеќе од 520.000 членови ја напуштиле Германската католичка црква во 2022 година, што е најголем број досега, пренесува Anadolu.
Германската католичка црква во моментов има повеќе од 20,9 милиони членови, што сочинува 24,8 отсто од населението, во споредба со 26 отсто во 2022 година, според истражувањето на Германската бискупска конференција (ДБК).
Минатата година црквата ја напуштиле 522.821 луѓе, што е најголема бројка досега, додека во 2021 година тој број бил 359.000, а годината пред 221.000, наведува БДК.
Томас Шулер, експерт за католичко канонско право, изјави за германската новинска агенција ДПА дека црквата „умира во мачна смрт“ пред јавноста.
Претседателот на ДБК, бискупот Георг Батцинг, рече дека бројките се „алармантни“.
„Не можеме и нема да ги затвориме очите пред овој развој“, рече Батцинг.