Катастрофални поплави го погодија Тексас: Најмалку 24 загинати, се трага по повеќе од 20 деца…

Сподели со своите пријатели

Најмалку 24 тела се пронајдени откако реката Гвадалупе во Тексас во петокот надојде поради обилните дождови и порасна дури 8 метри за помалку од два часа, во раните утрински часови, објави USA Today.

Loading...

Очајни родители во меѓувреме бараат информации за група од 25 девојчиња кои исчезнале од кампот „Mystic“, христијански камп за девојчиња лоциран на брегот на реката.

Тринаесетгодишната Елинор Лестер, една од преживеаните, раскажала за медиумите дека децата од нејзиниот камп биле спасени со хеликоптер, откако морале да се држат за јаже додека го преминувале поплавениот мост.

Според официјалните податоци, во кампот имало вкупно 750 девојчиња.

Опсежна потрага и спасувачка акција е во тек во округот Кер (Kerr County), во централен Тексас, изјави гувернерот Грег Абот на прес-конференција во петокот навечер. „Сите треба да знаат дека ова трае 24 часа дневно.“

Округот Кер се наоѓа околу 145 километри северозападно од Сан Антонио. Во областа има повеќе кампови, но само учесници од кампот „Mystic“ се водат за исчезнати, рече Абот.

До вечерта на 4 јули, Тексашката национална гарда евакуирала или спасила 237 лица, од кои 167 со хеликоптер, изјави генерал-мајорот Томас М. Суелцер, командант на гардата.

Поплавите започнале нешто по 4:00 наутро, кога екстремни врнежи – и до 30 см за еден час – го погодиле регионот, изјави заменик-гувернерот Ден Патрик на попладневна прес-конференција.

Loading...

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поплави за делови од јужноцентрален Тексас, вклучително и округот Кер, во четврток.

 

 

Предупредено беше дека бавно подвижен систем може да предизвика силни бури. Врнежите што уследија биле уште поинтензивни.

Во 2:03 наутро, метеоролошката служба го издала петтото предупредување за таа вечер, секое посериозно од претходното.

Во него стоеше:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брисел загрижен поради планот на човекот на Трамп: „Со Путин сака да ја разедини Европа“

„Ова е ИСКЛУЧИТЕЛНО ОПАСНА СИТУАЦИЈА. ВЕДНАШ ПОБАРАЈТЕ ВИСОК ТЕРЕН! Поплави на ниски премини, мали потоци, урбани области, автопати, улици и подвозници се опасни по живот.“

Loading...

Градоначалникот на Кервил, Далтон Рајс, изјави дека во 3:30 наутро џогирал покрај патеката крај реката Гвадалупе и забележал само слаба дождовна активност, без видливи знаци на поплава.

До 5:00 наутро, почнале да пристигнуваат повици од граѓани, и тој со локалниот командир на противпожарната служба заминал до паркот за да ја проценат состојбата.

„За час и половина, [реката] веќе порасна над 7,5 метри“, рече Рајс. „За неколку минути достигна 8,8 метри.“

Метеорологот Метју Капучи објасни на мрежата X дека вкупната количина на врнежи во регионот надминала 25 см, додека просечната годишна количина изнесува 70–80 см.

„Замислете да падне количина на дожд што обично паѓа за четири месеци – за само шест часа“, рече тој.

Делот на реката Гвадалупе кај Берхајм, околу 55 км северно од Сан Антонио, се искачил 12 МЕТРИ ЗА 3 ЧАСА, додаде тој.

 

Loading...

 

Претседателот Трамп нуди поддршка

Патрик изјави дека неговата канцеларија била повеќепати во контакт со Белата куќа за време на поплавите. Претседателот Доналд Трамп им рекол на официјалните лица во Тексас:

„Што и да ви треба – ќе го добиете“, пренесе Патрик.

Сенаторот од Тексас, Тед Круз, напиша на мрежата X:

„Претседателот Трамп вети СÈ што ќе му треба на Тексас.“

„Разорен настан за нашата заедница“

Во објава на Фејсбук попладне на 4 јули, полицијата на Кервил напиша:

Loading...

„Ќе продолжиме додека не ги пронајдеме сите наши граѓани. Ова е разорен настан за нашата заедница, но заедно сме силни. Благодарни сме за поддршката и помошта што ја добиваме и што продолжуваме да ја добиваме.

Во моментов ве молиме да се воздржите од излегување. Ќе ве информираме кога ќе можеме. Нашите мисли се со сите погодени од оваа трагедија.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Путин само сака да продолжи да убива луѓе

Округот Кер пријавува „катастрофални поплави“

„Ова се катастрофални поплави во округот Кер. Можеме да потврдиме дека има жртви, но нема да даваме дополнителни информации додека не ги информираме семејствата“, соопштија од канцеларијата на шерифот. „Целиот округ моментално е многу активна зона.“

На жителите им беше наредено да останат безбедни и да не патуваат. Сите кои живеат покрај потоци, реки и реката Гвадалупе беа повикани да се преместат на повисок терен.

Во регионот веќе наврнале меѓу 13 и 28 см дожд до 9:00 наутро, а се очекувале уште 2–5 см додека не се стабилизира времето.

Loading...

Метеоролошката служба предупреди:

„Ова се многу опасни и по живот заканувачки поплави долж реката Гвадалупе! Преместете се на повисок терен!“

Во раните утрински часови, реката Гвадалупе кај местото Хант во западниот дел на округот Кер го достигна второто највисоко ниво во историјата — над 8,8 метри — надминувајќи го нивото од поплавите во 1987 година, кога на 17 јули 10 тинејџери загинаа во автобус и комбе од црковен камп кај местото Комфорт.

Во Сан Анџело, околу 240 км од Кервил, метеоролошката служба објави фотографија од раскрсница под вода, со водата која достигнува висина до сообраќајни знаци.

Тамошната канцеларија пријавила повеќе поплавени патишта и домови во округот Том Грин, оценувајќи ги условите како „опасни по живот.“

 

Loading...

 

Силни врнежи и поплави остануваат во прогнозата

Западните и централните делови на Тексас и понатаму ќе бидат подложени на поплави за време на викендот, соопшти Центарот за временска прогноза на 4 јули.

Системот што се движи низ Тексас донесе обилни врнежи од четврток навечер до петок попладне.

„Заситената почва и веќе надојдените реки ја прават областа особено чувствителна на дополнителни врнежи.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Забраната за мобилни телефони ја подобрила концентрацијата кај учениците, тврди холандската влада

Прогнозата предвидува локално силни врнежи и следниот ден (сабота, 5 јули). Предупредувањата за поплави остануваат на сила до доцна вечерта на 4 јули за поголемиот дел од регионот.

Loading...

Метеоролозите од Сан Антонио предупредија дека „џебови со силни врнежи и понатаму се можни и можат да предизвикаат поплави во ниските области, реките и премините. Можно е да наврнат дополнителни 2,5 до 7,5 см дожд, а не е исклучена и количина до 13 см во некои делови на планинскиот регион.

Дали поплавите беа изненадување?

Националната метеоролошка служба издаде предупредување на 3 јули за округот Кер и околните области, но според локалните власти, размерите на поплавите биле изненадување.

„Никој не знаеше дека ќе биде вака страшно“, изјави еден локален функционер, додавајќи дека округот Кер нема систем за рано предупредување кој би можел да ги извести жителите таа вечер.

„Редовно се соочуваме со поплави“, рече тој. „Немавме причина да веруваме дека ќе се случи нешто вака.“

 

Loading...

 

Наредена задолжителна евакуација долж реката Гвадалупе

Официјалните лица во местото Комфорт издадоа задолжителна евакуација за жителите покрај реката која брзо растела, според објава околу 8:00 наутро по локално време.

„За жал, мора да ве информираме дека состојбата со поплавите во Комфорт не се подобрува“, објави Доброволната противпожарна служба на Комфорт во 11:00 часот. Сирените за поплава се вклучени и ги повикуваме сите жители од пониските делови на градот веднаш да се евакуираат.“

На жителите им беше советувано да понесат неопходни документи, лекови, облека и вредности додека се преместуваат на повисок терен.

Полицијата и пожарникарите во Кервил помагаат во евакуацијата, а центар за собирање е организиран во локалниот Walmart, додека засолниште е отворено во црква.