КАТАСТРОФАЛНА СМРТ: Отишол во кино да гледа филм, таму останал засекогаш!

Сподели со своите пријатели

Момче загинало во кино во Бирмингем, откако бил притиснат од моторно седиште кога се наведнал да ги земе клучевите и телефонот што му испаднале, додека неговата сопруга со ужас гледала сè.

Loading...

Инцидентот се случил во март 2018 година, а сега кино-синџирот „Ву синемас“ признало кршење на безбедноста, пишува „Дејли меил“.

 

 

Атик Рафик (24) со сопругата отишол во кино на 9 март и купил билети за моторизирани места во „златната класа“, за прикажување на филмот во 16.30 часот. На крајот од филмот, Атик, татко на едно дете, сфатил дека не може да ги најде клучевите и телефонот и помислил дека испаднале под седиштето, на кое има потпирач за грб и потпирач за нозе што може да се повлече нанадвор.

Тој се спуштил под седиштето, но душекот започнал да се спушта врз него. Неговата сопруга, Ајеша Сардар, се обидела да го задржи душекот кога сфатила што се случува. Ајеша ги алармирала вработените кои се обидувале да го ослободат околу 10-15 минути. Но, нивните очајни обиди биле неуспешни и Атик претрпел катастрофални повреди.

Брзата помош пристигнала околу 20 часот, а Атик бил пренесен во болницата, каде починал на 16 март поради хипоксично оштетување на мозокот.

Loading...

 

 

 

Неделната истрага покажала дека на седиштето му недостасува рачка што ќе овозможи рачно да се ослободи.

Ема Браун од Бирмингем рече дека Атик немало да умре „доколку седиштето било опремено и одржувано на соодветен начин“.

Ланецот кина „Vu sinemas“ сега ги призна безбедносните пропусти, пишува „Дејли Меил“.

– Шокирани сме и тажни од овој трагичен инцидент, изразувам сочувство до семејството Рафик и неговите пријатели. Внимателно ги слушнавме сите докази и информации, а сега ќе реагираме на наодите од истрагата – изјави портпаролот на компанијата.

Loading...

Vu sinemas ја призна вината за необезбедување на безбедноста на луѓето и не презентирање на проценка на безбедносен ризик помеѓу 1 јануари 2007 година и март 2018 година во врска со употребата на моторизирани седишта во киносалите. Пресудата била одложена за 20 јули.

 

Leave a Reply