Катар помогнал да се организира состанок на Вилијам Барнс, директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), со талибанскиот водач Абдул Гани Барадар.
Добро информиран извор на Си- Ен- Ен во Вашингтон посочува дека оваа средба покажува колку е сега важна улогата на Катар за политичката иднина на Авганистан.
Фактот дека Барнс се сретна со Барадар укажува дека меѓу нив се гради врска што може да и помогне на американската разузнавачка заедница да развие врски со Талибанците со цел потенцијална идна соработка во борбата против тероризмот.
Си – Ен – Ен претходно објави дека состанокот бил нарачан од претседателот Бајден, што сведочи за фактот дека Барнс Бајден е човек со најголема доверба и еден од најискусните ветерани дипломати во тимот на американскиот претседател.