Катар бара меѓународни гаранции дека Израел нема да ја продолжи војната

Сподели со своите пријатели

Катар бара „силни, писмени меѓународни гаранции“ дека Израел нема да ја продолжи војната во Газа по постигнувањето договор за прекин на огнот, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари.

Ел-Ансари изјави за саудискиот весник „Ал-Арабија“ дека Катар сака да обезбеди дека тековните преговори во Египет, кои вклучуваат размена на заложници и палестински затвореници, како и привремено прекинување на борбите, ќе резултираат со повлекување на израелските сили од Газа, зголемување на хуманитарната помош и траен крај на конфликтот, објави утрово „Тајмс оф Израел“.

Според него, планот предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп експлицитно го исклучува раселувањето на жителите на Газа, како и понатамошни дискусии за анексијата или окупацијата на палестинските територии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе не убијат со гас

Ел-Ансари додаде дека преговарачките страни веќе се согласиле за околу 20 основни принципи, но дека, како што рече, „ѓаволот е во деталите“.

Се очекува катарскиот премиер Мохамед Абдулрахман ал-Тани да пристигне во Египет во текот на денот за да се придружи на индиректните разговори меѓу Израел и Хамас, кои се во тек во Каиро.