Каталонија воведува нови мерки, вирусот се шири меѓу младите

Сподели со своите пријатели

Властите во шпанскиот регион Каталонија во вторникот објавија дека повторно ќе воведат ограничувачки мерки поради влошување на епидемиолошката состојба поврзана со коронавирусот.

Мерките особено ќе се однесуваат на ограничувањата поврзани со ноќниот живот, бидејќи вирусот се шири претежно кај младите невакцинирани лица.

Ноќните клубови ќе бидат затворени од овој викенд, а активностите на отворено со учество на повеќе од 500 луѓе ќе бараат негативен тест за ковид или потврда за вакцинација, изјави за новинарите портпарол на Владата на Каталонија.

 

 

– Не можеме да се преправаме дека го победивме вирусот. Пандемијата не е завршена, новите варијанти се многу заразни и сè уште имаме значителни делови од популацијата кои не биле вакцинирани – рече таа.

Таа најави можност за повторно воведување на задолжително носење маски на отворено, но одлуката може да ја донесе само Владата во Мадрид.

На 26 јуни, Шпанија го укина барањето да се носи маска на отворено, каде што е можно да се држи растојание.

Неколку други помали региони повторно воведоа мерки за социјално ограничување за да ја задржат пандемијата под контрола.

Во северниот регион Навара, баровите и ноќните клубови ќе се затворат од 1.00 часот, наместо од 3.00 часот, а во регионот Кантабриа, ноќниот живот во неколку градови е целосно укинат.

 

 

Повеќе од 81.000 луѓе починаа

Досега се целосно вакцинирани околу 40 проценти од населението во Шпанија, од 47 милиони, но во возрасната група од 20 до 29 години, тој процент е секој десетти.

Во Шпанија досега починаа повеќе од 81.000 луѓе како резултат на инфекцијата, додека инфекцијата е потврдена кај повеќе од 3,8 милиони луѓе.

Leave a Reply