Жена која одбила да носи заштитна маска во Убер, а потоа го испрскала возачот со бибер спреј, била уапсена вчера во САД.
Конфликтот меѓу патниците и возачот се случил на 7 март, откако Малаја Кинг (24) ја исмнала заштитната маска, а потоа почнала да кашла кон возачот.
Целиот настан е снимен од надзорна камера во возилото.
Друга осомничена патничка, 24-годишната Арна Кимиаи, објави дека ќе се предаде, соопшти полицијата.
Таа се обидела да му го украде мобилниот телефон
„Драго ни е што слушнавме дека Кимиаи има намера да ја направи вистинската работа“, рече потполковник Трејси Мек Креј од полицискиот оддел во Сан Франциско (СФПД).
Возачот на Убер, Субакара Кадке (32) изјави дека патниците одбиле да носат заштитна маска, дека една од нив се обидела да му го украде телефонот и дека бибер спрејот бил користен против него.
Сан Франциско воведе мерки за борба против ковид-19, вклучително и задолжително носење заштитна маска „покривање на носот и устата“ кога граѓаните се оддалечени помалку од два метра од некој што не е член на нивното домаќинство, кога се користи јавен превоз и кога транспортот се користи за деловни цели, пишува Би-Би-Си.
Што може да се види на видеото?
На видеото од надзорната камера на „Убер“ се гледаат тројца патници кои седат назад, од кои двајца во еден момент ги вадат маските од лицето. Третиот патник сè уште не е именуван.
Еден од нив потоа се наведнува напред и кашла кон возачот и се обидува да го земе неговиот телефон.
Хдка и рекол на полицијата дека го запрел возилото неколку минути откако зел тројца патници бидејќи забележал дека едниот не носи маска. Тој рече дека дошло до конфликт кога рекол дека ќе продолжи да вози само ако сите имаат маски на лицето.
Кога патниците излегле од возилото, еден од нив зел спреј за заштита и го испрскал возачот низ отворениот прозорец.
An Uber driver was assaulted and coughed on by a maskless woman in San Francisco. He drove to a gas station so she could buy a mask. She refused, then began yelling. The attack was caught on his dashcam video. pic.twitter.com/SASeSOERy5
— CBS News (@CBSNews) March 11, 2021