Со почеток во 11 часот утре во касарната „Боро Менков“ Куманово, со оддавање на почит и полагање на цвеќе пред бистата на народен херој “Боро Менков“ ќе биде одбележан патронатот на касарната односно денот на погинувањето на народниот херој чие име со гордост го носи касарната.
Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој Боро Менков пред присутните ќе се обрати командантот на касарната потполковнок Лулзим Нуредини и историчар Марија Живачки од НУ Музеј на град Куманово.
На прославата ќе присуствуваат претставници од претпоставените команди, преставници од државна управа, јавните установи и служби, правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.
Културно уметничката програма со свое присуство ќе ја збогатат ученици од гимназија “Гоце Делчев”, КУД “Срма“, КУД “Бајрам Шабан“ и деца од градинката “Ангел Шајче“.