Картел се извини за киднапирање и убиството на Американцитe: Сторителите ги предаде на полицијата

Сподели со своите пријатели

Скорпионите, отцепена група на заливскиот картел во Мексико, се извинија за киднапирањето на четворица американски државјани, од кои двајца беа убиени, и ги предаа мажите за кои се вели дека се одговорни на полицијата.

Loading...

Мексиканските медиуми објавија фотографија на која се гледаат пет мажи како лежат со лицето надолу на земја, со врзани раце и со кренати кошули над нивните глави.

Се вели дека до врзаните луѓе било оставено писмо од „Скорпион“, во кое картелот им се извинува на луѓето од Матаморос, американските жртви и нивните семејства, како и на една Мексиканка убиена минатата недела кога групата отворила оган на бел „караван“ во кој патувале Американците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД откриле руски план за подметнување пожари на американски летови, Путин предупреден

АП вели дека добила копија од писмото од службениците за спроведување на законот во државата Тамаулипас.

„Одлучивме да ги предадеме директно инволвираните и одговорните за настаните“, се вели во писмото и се додава дека „петмината постапиле по сопствена одлука и во недостиг на дисциплина“.

Во писмото, исто така, се обвинуваат мажите за кршење на правилата на картелот за „заштита на невини животи“.

Полицијата, во меѓувреме, ја блокираше болницата во Матаморос, каде членовите на картелот ги однесоа ранетите Американци.

Ројтерс објави дека мексиканските власти во четвртокот попладне ги предале телата на двајца американски државјани на официјални лица во Матаморос.

Loading...

Мексиканскиот претседател претходно изјави дека Американците биле киднапирани откако биле фатени меѓу завојуваните групи. Ја преминале границата за да купат дрога во Мексико, пренесе АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган ги повикува сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, оти Турција ќе ги уништи терористите