Русија планира да анектира поголем дел од источна Украина кон крајот на овој месец, предупреди висок американски функционер.
Американскиот амбасадор во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мајкл Карпентер, вчера изјави дека САД веруваат дека Кремљ ќе го признае и јужниот град Херсон како независна република.
Гнев во Израел поради скандалозниот Лавров: Деназификација е потребна, но на Москва
Ниту еден од тие потези нема да биде признаен од САД или нивните сојузници, рече тој.
Русија планира да организира лажни референдуми во регионите Доњецк и Луганск, кои ќе се обидат да дадат изглед на демократски или изборен легитимитет и да ги припојат тие ентитети кон Русија, рече Карпентер.
Тој исто така рече дека има индикации дека Русија ќе маневрира со гласањето за независност во Херсон.
Сијарто: Без руска нафта нема гаранции за непречено функционирање на економијата
Градоначалниците и претставниците на градските власти се киднапирани, интернетот и мобилните комуникации се исклучени, а наскоро ќе се наметне и руската училишна програма, рече Карпентер.
Украинската влада претходно објави дека Русија ја вовела рубљата како валута во тие области.
Американскиот функционер ова го изјави при новиот напад на фабриката за челик Азовстал во опколениот град Мариупол, еден ден по првата евакуација од тој индустриски комплекс, последното упориште на украинскиот отпор во градот.
Повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и постари жени и мајки со мали деца, вчера ја напуштија фабриката за челик Азовстал и со автобуси тргнаа кон Запорожје, под контрола на Украина, на околу 230 километри западно.
Се чини дека барем некои цивили се префрлени во село контролирано од проруските сепаратисти.
Руската војска соопшти дека некои избрале да останат во сепаратистичките области додека десетици цивили побегнале на територијата под контрола на Украина.
Украинка од Мариупол: Моите ќерки пиеја вода од езерце за да преживеат (ВИДЕО)
Претходно Украина ја обвини руската армија дека превезува цивили против нивна волја во областа контролирана од Русија или во Русија. Кремљ го негираше тоа.