Карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово викендов учествуваше на Меѓународниот карате натпревар „Топлица Опен“, кој се одржа во Прокупље, Србија, и се врати со богат биланс – вкупно 13 медали, од кои 5 златни, 2 сребрени и 6 бронзени.
Кумановските каратисти остварија одлични резултати во поединечните и екипните категории.
Во дисциплината ката, златни медали освоија Емил Миленковски, Анисија Илијовска, Милица Кипријановска, Бојана Денковска, како и ката тимот составен од Емил Миленковски, Марко Крстевски и Лука Петрушевски.
Сребрени медали им припаднаа на Лука Петрушевски (ката) и Кирил Младеновски (борби), додека бронзени освоија Јан Илиев, Марко Крстевски, Јаков Илиев, Дамјан Стојановски, Димитриј Илијовски (ката) и Ана Илиевска (борби).
Тренерот Оливер Милорадовски, под чие менсторство настапија каратистите, изрази задоволство од резултатите, истакнувајќи дека настапот во Прокупље претставува уште една потврда за континуираната работа и успехот на младите кумановски каратисти на меѓународната сцена.
Никола Ивановски