„Карап маала“ – нова песна на кумановецот Аиман (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Македонскиот артист Аиман ја објави својата нова песна со наслов „Карап маала“, проект кој претставува искрена и лична музичка приказна за местото од кое доаѓа и средината во која израснал.

„Карап маала“ е авторско дело на Аиман, кој се потпишува и како автор на музиката и на текстот, додека битот е на Moneycount. Аранжманот, како и миксот и мастерингот, се дело на Давид Ивановски и Zaff, кои ѝ даваат модерен, но автентичен уличен звук на песната.

Во својата изјава, Аиман истакнува дека оваа песна има посебно значење за него:

„Песмата се вика „Карап маала“ и е песна што ме опишува мене и моето место од каде што доаѓам и кадешто живеат и отсекогаш како артист сум сакал да имам песна во кариерата што ќе е за мојот крај и местото од каде што сум. Со оваа песна би сакал да го доловам целиот уличен стил што го има и го имала Карап маала отсекогаш.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово утре го пречекува КК Ангели во 1/8 финале од Купот

Музичкиот спот, кој дополнително ја надополнува приказната на песната, е реализиран целосно од TomkeZ, кој се потпишува како режисер, камерман, VFX артист и монтажер. Спотот е снимен во автентичен амбиент, со луѓе кои се дел од секојдневието на Аиман, што му дава дополнителна реалност и искреност на целиот проект.

Со „Карап маала“, Аиман ја заокружува својата музичка година, најавувајќи дека ова е последната песна за оваа година, но и увертира за нови проекти.

Како звучи новото музичко парче на Аиман, слушнете во продолжение:

 

Никола Ивановски