Цените на нафтата паднаа денеска поради мерките за затворање поради корона вирусот во Кина кои влијаеја на економската активност во Шангај, водечкиот деловен центар во земјата.
Кинескиот финансиски центар, кој има 26 милиони жители, им нареди на сите компании да го прекинат производството или да ги префрлат луѓето на работа на далечина за време на заклучувањето, што ќе се спроведува во две фази во следните девет дена.
Проширувањето на рестриктивните мерки во земјата која е најголем увозник на нафта во светот доведе до пад на цените на „црното злато“.
Европската нафта Брент потона за 3,39 долари на 117,26 долари за барел, додека американската нафта WTI поевтини за 3,41 долари на 110,49 долари за барел, пренесува Ројтерс.