Капсулата Орион на НАСА се врати на Земјата

Сподели со своите пријатели

Капсулата Орион на беспилотната лунарна мисија Артемида 1 на американската вселенска мисија слета во Тихиот Океан во неделата по повеќе од 25 дена во вселената и орбитата на Месечината.

Loading...

Поради должината на орбитата, на капсулата ѝ требаше една недела да патува на половина пат околу Месечината, по што повторно ја напушти орбитата на Месечината и почна да се враќа на Земјата.

За време на летот, Орион беше на најголема оддалеченост од Земјата од кое било вселенско летало дизајнирано за летот на астронаутите.

Беше оддалечено околу 434.500 километри од Земјата.

Слетувањето се случило во близина на мексиканскиот остров Гвадалупе во 9:40 часот по локално време.

Капсулата влегла во атмосферата на Земјата со брзина од 39.400 километри на час и морала да издржи топлина од речиси 2.760 степени целзиусови, соопшти НАСА.

Во своето вртоглаво спуштање, леталото прво беше забавено од атмосферата, а потоа со серија од 11 падобрани, додека не достигна брзина од околу 30 километри на час кога се спушти во океанот.

Новата вселенска програма на НАСА „Артемис“ конечно започна, по бројни одложувања, минатата недела со лансирањето на вселенското летало Орион.

Loading...

Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, за прв пат по речиси 50 години.

Слетувањето на Месечината ќе биде кулминација на мисиите Артемида.

Првично планиран за 2024 година, овој исклучително важен настан треба да се случи најрано во 2025 година.

Мисијата ќе однесе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летало Орион, каде двајца од нив – најмалку една жена – ќе се префрлат во вселенското летало SpaceX за конечното приближување до Месечината.

САД испратија 12 астронаути на Месечината помеѓу 1969 и 1972 година.