Екипата на Барселона е заглавена во институционална криза со непредвидливи последици. После понижувачкиот пораз од Баерн Минхен со 2:8 пред нешто повеќе од два месеци, клубот се најде во сериозен нокдаун. Во меѓувреме, беше побарано гласање за недоверба на претседателот Хосеп Марија Бартомеу, играчите се закануваа за напуштање на клубот и ситуацијата беше постојано напната.
Последниот „испад“ на управата на клубот беше барањето за намалување на платите на играчите за 30 отсто. Во четвртокот имаше извештаи за писмо испратено од капитенот Лионел Меси, кое дава подлабока слика за горчливата комуникација помеѓу тимот и бордот на директори.
Според шпанскиот дневен весник „Мундо Депортиво“, четворицата капитени на тимот, Лео Меси, Жерар Пике, Серхио Бускетс и Серхи Роберто, испратиле писмо до претседателот Бартомеу и неговите соработници, опишувајќи го намалувањето на платите како „непријатно“. Во исто време, повторно се покрена темата за „шемата на режисерите“, во која уште еднаш играчите веруваат дека раководството на тимот сака да ги направи играчите „лоши момци“.
Во писмото до управниот одбор, капитените уверуваат дека „нема да толерираат тоа дека Барселона ги крши нивните права“. Четворицата исто така велат дека се „иритирани и фрустрирани“ од начинот на кој клубот управува со работите во време на криза. Меси и компанија исто така појаснуваат дека немаат намера да седнат на маса за какви било преговори.
Влатче Зорба