Кандидатот на крајната десница на претседателските избори во Романија, Ѓорѓе Симион, доцна синоќа го призна поразот во вториот круг од изборите, на кој победи проевропскиот кандидат, градоначалникот на Букурешт Никушор Дан.
Loading...
„Тој (Дан) победи на изборите, романскиот народ ја изрази својата волја“, рече Симион, кој вети дека ќе „ја продолжи борбата“.
Симион, лидерот на крајно десничарската партија АУР, кој прогласи победа синоќа веднаш по објавувањето на првите резултати од изборите, освои околу 46 проценти од гласовите.
По пребројувањето на повеќе од 90 проценти од гласовите, проевропскиот градоначалник на Букурешт, центристичкиот кандидат Дан, доби речиси 54 проценти од гласовите.