Кандидатите од Коалицијата за промени и правда на средба со кумановци (видео)

Сподели со своите пријатели

Коалицијата за промени и правда со својот лидер, Павле Трајанов и носителот на листата во втората изборна единица, Јове Кекеновски денеска беа на градскиот плоштад во Куманово, каде имаа директна средба со граѓаните и промовираа дел од предизборната програма.

Како што рече Трајанов, целта е да се формира владин кабинет составен од професионлни и искусни луѓе со морален кредибилитет.

 Предвидуваме позабрзан економски развој, затоа сметаме дека може да се издвојат над 800 милиони евра од буџетот, да бидат тие пари наменети за економски развој. Предвидуваме 2% од Буџетот на Република Македонија да бидат наменети пари за проекти во кои што ќе бидат вработувани младите кадри. Се разбира ако се создадат услови за отварање на нови работни места, ако се полни буџетот, во такви услови ќе се обезбедат можности ќе има пензијата да изнесува минимум 200 евра, но платите да бидат најмалку 300 евра – рече Трајанов.

 

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во втората изборна единица, Јове Кекеновски истакна дека власта во изминатите 10 години не помогнала на Куманово за ниту еден капитален објект и најави промена на таквата политика.

Пратениците на Коалицијата за промени и правда во идниот законодавен дом и претставниците во идната извршна власт ќе посветат посебно внимание на Куманово, како најголем град и град кој што е прв град на влезот во Република Македонија. Исто така јас сакам да ве потсетам дека токму Куманово беше избран за центар од кој што требаше да се дестабилизира Република Македонија. Случувањата од 9 мај за жал се уште не излегоа на површина, не ја знаеме целата вистина. Криминализираните структури во партиите на власт исценираа еден судир, за чија вистина допрва ќе дознаеме. Куманово е градот кој што можеби е еден од најголемите градови погоден од белата чума. Од овде почнаа и првите одлевања на наши квалитетни млади кадри во странство, најнапред во Авганистан, дури и Ирак и Иран, на најопасните места во потрага по подобар живот, односно во потрага по заработка за парче леб за себе ис воите семејства – рече Кекеновски.

 

Како што потенцираше Кекеновски, во својата програма имаат предвидено една милијарда евра за капитални, инфраструктурни проекти, а приоритет при распределбата на овие средства ќе се посвети на Куманово.

Според Павле Богоевски, овие избори се референдум за рушење на режимската власт, а упати и предурпедување граѓаните да не им веруваат на предизборните анкети.

Излете масовно да гласате затоа што режимот треба што поскоро да замине. Исто така сакам да упатам едно предупредување, не им верувајте на анкетите, бидејќи тие се нарачани се со цел да се создаде забуна во јанвноста, не гласајте за малите партии, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ – рече Богоевски.

 

Според Богоевски, Коалицијата за промени и правда е трета политичка сила во државата и власта од нив се плаши од борбата против режимот.