Кандидати на Бајден за врвот на идната администрација

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го избра својот долгогодишен близок соработник задолжен за надворешна политика, Ентони Блинкен, човек кој се залага за глобални сојузи, за иден државен секретар и се очекува да го назначи Џек Саливан за советник за национална безбедност.

Loading...

 

 

Бликен (58) ја започна својата кариера во Стејт департментот за време на администрацијата на претседателот Бил Клинтон, а за време на администрацијата на Обама, беше на функцијата заменик државен секретар.

 

 

Loading...

Џек Саливан (43), кандидат за позиција советник за национална безбедност на новоизбраниот претседател на САД, исто така е искусен, долгогодишен соработник на Бајден за прашања од националната безбедност, кој во времето кога Хилари Клинтон беше шеф на Стејт департментот ја извршуваше функцијата шеф на одделот за стратешки прашања и планирање.

Се очекува Бајден да ја назначи искусната Линда Томас-Гринфилд (68), Афроамериканка и ветеран со 35 години искуство во областа на надворешните работи, на позицијата американски амбасадор во ООН.

 

 

Покрај тоа, информиран извор од Вашингтон за Њујорк Тајмс тврди дека Бајден планира да ја врати функцијата американски амбасадор во ООН на ниво на постојан член на претседателскиот кабинет, што го укина сегашниот претседател Доналд Трамп кога тој дојде на власт. Со тоа, идната амбасадорка на САД во ОН ќе стане членка на Советот за национална безбедност.

Сања Костовска

Leave a Reply