Канбера се затвора на недела дена поради еден заразен

Сподели со своите пријатели

Главниот град на Австралија, Канбера, денеска влезе во седумдневен локдаун откако беше регистриран еден случај на корона вирус, кој исто така беше откриен во отпадните води.

Така Канбера се приклучи на Сиднеј, Мелбурн и неколку градови во австралиската држава Нов Јужен Велс, кои се заклучени поради ширењето на делта сојот.

Жителите на Канбера можат да ја напуштат куќата само поради основните потреби или итни случаи, а продавниците за малопродажба ќе бидат затворени, додека угостителските објекти ќе можат да продаваат само храна за носење, соопшти главниот град.

Loading...

Училиштата ќе бидат отворени за ученици кои не можат да останат дома. Случајот со локален пренос е прв од 10 јули минатата година, во град со 460.000 жители.

Граѓанин на Канбера, маж на возраст од дваесет години, се заразил во Канбера, најверојатно во неделата, а денеска беше позитивен на тест, рече шефот на локалната здравствена служба.

Изворот на инфекцијата е непознат, а корона вирусот бил пронајден и во отпадните води во средата вечерта.