Канаринци, суплементи и машина запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Канаринци, храна за птииц, суплементи, боја и текстил биле запленети на Граничниот премин Табановце во текот на изминатата недела.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Македонија бил спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми (19 кутии од по 60 кесички) Unicity Balance суплементи во вредност од 228 илјади денари.

– Службата за мобилни скенери ги пронајде во кабина на камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, велат од ЦУ.

Цариниците спречиле шверц и на машина за потреби во текстилна индустрија.

– Откриена е од страна на мобилните царински тимови, пронајдена на креветот во кабината на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, појаснуваат од Управата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оџак предизвика пожар на семејна куќа во Куманово

Службата за мобилни скенери,  при контрола на два камиони управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин Табановце открила непријавени 50 килограми боја и повеќе кутии со средства за полирање возила.

На влез на граничен премин Табановце мобилен тим при контрола на автобус открил 26 белгиски канаринци и 4 вреќи со храна за птици.

– Истите без соодветни дозволи и документи македонски државјанин што патувал со автобусот сакал нелегално да ги внесе во државата, велат од Царинската управа.

Loading...

Никола Ивановски