Канада го затвори својот воздушен простор „за сите руски оператори на авиони“ како одговор на рускиот напад врз Украина, изјави канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра.
И покрај забраната, авионот на руската компанија Аерофлот во неделата вечер прелета над источна Канада, соопшти канадската влада и го осуди овој „упад“.
Канада, втората по големина земја по Русија, им се придружи на европските земји кои го затворија своето небо за авионите на руските компании.

