Канадската влада денеска соопшти дека ќе започне процес на конфискација на имотот на рускиот олигарх Роман Абрамович, вреден 26 милиони долари.
Loading...
Канада ги презеде неопходните формални и правни чекори за конфискација на имотот на Granit Kapitol Holdings Ltd во сопственост на Абрамович, кој е опфатен со сегашните санкции против Русија поради нападот врз Украина, објави Ројтерс.
По тој повод се огласи канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд, која ги нарече руските олигарси „соучесници во нелегалната и варварска инвазија на Украина“.
– Затоа, Канада нема да биде рај за нивниот незаконски стекнат профит – рече таа.