Канада ги затвори пристаништата за руски бродови

Сподели со своите пријатели

Канада ги затвори своите пристаништа за бродови во сопственост на Русија, велејќи дека ќе го испита имотот на сите руски олигарси во земјата, пренесува Ројтерс.

Loading...

Официјална Отава во вторникот објави забрана за влез на руски бродови и рибарски бродови во канадските води и пристаништа, што е последна во серијата канадски мерки против Русија поради нејзиниот напад врз Украина.

Канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра изјави дека забраната, по сличен потег на Британија, ќе стапи на сила подоцна оваа недела.

Иако, според него, бројот на руски бродови кои влегуваат во канадските води и пристаништа е релативно мал, тој тврди дека оваа мерка ќе има влијание, особено ако ја применуваат други земји.

Канада, во соработка со другите западни земји, објави серија мерки насочени кон изолација на Русија, вклучително и воведување санкции за рускиот претседател Владимир Путин, затворање на канадскиот воздушен простор за руските авиони, забрана за увоз на нафта и канадски финансиски институции кои работат со руската централна банка.