Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Куманово денеска со почеток во 11.00 часот на плоштадот во Куманово-потег споменик ,,Батко Ѓорѓија’’- поранешна продавница ,,Киро Фетак’’,ќе ги изврши неопходните активности за спроведување на кампањата за заштита од пожари.
Кампањата опфаќа повеќе активности како поделба на пропаганден материјал-летоци (флаери),изворска вода и друг пропаганден материјал, како и давање совети и укажувања до граѓаните во врска со превентивата и заштитата од пожари во летниот период,со акцент на шумските пожари и другите пожари на отворен простор.
Кумановци ќе имаат можност да се запознаат и со дел од средствата на Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Куманово за гаснење на шумски пожари, а во активностите ќе биде вклучен и Секторот за превенција при СВР Куманово.