Камионџиите во Канада не мора да бидат вакцинирани

Сподели со своите пријатели

Канада ќе им дозволи на невакцинираните канадски граѓани да влезат во земјата од Америка со поништување на претходната одлука дека сите возачи на камиони мора да се вакцинираат против ковид, соопшти Канадската гранична служба (CBSA).

Loading...

Канадскиот премиер Џастин Трудо се соочи со притисок од главната опозициска партија и лобито за транспорт на камиони да се откаже од задолжителната вакцинација за камионџиите, а одлуката требаше да стапи на сила во сабота, што можеше да доведе до недостиг на возачи, што ќе ја отежнеше испораката на стоки.

CBSA изјави дека невакцинираните или делумно вакцинираните канадски возачи ќе бидат ослободени од тестирање за ковид пред пристигнувањето, по пристигнувањето во земјата и од карантин.

Сепак, возачите со американско државјанство ќе треба да се вакцинираат или ќе бидат вратени од граница на 15 јануари.

Две третини од размената на стоки меѓу Канада и САД изнесува 520 милиони долари годишно и се врши по пат, така што транспортот со камиони е клучен.