На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од камион кој виси на карпа во кинеската провинција Шанкси.
Камион што превезувал семе од пченка се движел по тесен планински пат во округот Пингшун, во близина на границата со провинциите Хебеи и Хенан, кога се лизнал од патот и останал да виси над бездната.
Нешто подоцна на камионот налетал друг патник кој возел по тој пат. Три дена подоцна, со помош на три градежни машини, камионот беше успешно вратен на патот.
За среќа, возачот и совозачот на камионот успеале да излезат од камионот. Возачот вели дека мислел дека се „завршени“ кога сфатил дека не може да се врати на патот.
Меѓутоа, тогаш сфатил дека можат да излезат низ возачката врата, што веднаш го направиле.
Од сообраќајната полиција потврдија дека патот е повторно прооден на 4 јануари.
⚠️ a real cliffhanger: a truck stuck on a cliff-hanging highway in Pingshun County (平顺县), Changzhi city (长治市) of Shanxi (山西) since at least 8am Jan 1…
1/n pic.twitter.com/TpE78KcWis
— Byron Wan (@Byron_Wan) January 5, 2022