Камери за сообраќајни прекршоци во Куманово од 2025 година

Сподели со своите пријатели

Куманово, Скопје и Тетово ќе бидат првите градови кои ќе добијат камери кои ќе ги ловат возачите кои ќе сторат сообраќајни прекршоци.

Loading...

Како што најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“во Владата, се очекува камерите да бидат поставени и проектот финално да започне во текот на 2025 година.

Но, пред тоа да се случи, Тошовски најави првин законски измени.

– Измените се однесуваат на воведување на нови членови во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои директно се однесуваат на сопственикот на возилото (или оној со правото на користење на возилото) со кое е сторен сообраќајниот прекршок, рече министерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце

Сообраќајниот прекршок, како што појасни Тошковски, ќе биде документиран со соодветни технички средства и уреди за снимање при што на сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок.

Дорегулирањето на постапката за заштита на личните податоци е во тек.

– Во периодот што следи, запазувајќи ги сите законски регулативи. Секако ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе резултира со ред во сообраќајот без жртви.“, потенцираше Тошковски.

Проектот, како што рече министерот, нема да профункционира во јануари 2025, туку во текот на годината што претстои.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

Системот инаку ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат.

Никола Ивановски