Каменуван камион од мостот кај Романовце

Сподели со своите пријатели

Товарно моторно возило сопственост на дваесети и петгодишен стружанец вчера било каменувано од мостот во село Романовце на автопатот „Пријателство“.

Loading...

– На 25.06.2023 година во 01.00 часот во СВР Куманово, Ф.И.(25) од с.Велешта, Струга пријавил дека на 24.06.2023 година во 22.40 часот додека се движел по Автопат „Пријателство“ со товарно моторно возило марка „МАН“ со струшки регистарски таблици, поточно под мост во селото Романовце, неколку лица од мостот фрлале камења и тврди предмети со што го оштетиле неговото ТМВ, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Пријавителот се оддалечил од местото и настанот го пријавил во СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадени нови садници низ Куманово

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски