Камала Харис го повика Виетнам да се спротивстави на насилното однесување на Кина

Сподели со своите пријатели

Американската потпретседателка Камала Харис во средата го повика Виетнам да воспостави поблиски односи со Вашингтон за да се спротивстави на, како што рече, „насилното однесување“ на Пекинг во регионот.

Loading...

„Треба да најдеме начин за спроведување и зголемување на притисокот врз Пекинг да се придржува кон Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето и да се спротивстави на нивното насилно однесување и прекумерното полагање права за морето“, рече Харис за време на состанокот со виетнамскиот претседател Нгуен Ксуан Пук во среда наутро.

Говорејќи во Сингапур во вторникот наутро, Харис рече дека агресивните територијални присвојувања во Јужното Кинеско Море претставуваат „принуда“ и „заплашување“.

Пекинг го смета речиси целото Јужно Кинеско Море како своја територија – и покрај претензиите на неколку други земји, вклучително и Виетнам – и изгради вештачки острови со воени објекти над гребените во таа област.

Харис рече дека САД ќе донираат нов брод на крајбрежната стража на Виетнам за да им помогне да ја одбранат крајбрежната територија.

Вашингтон, исто така, рече дека билатералите на двете земји ќе бидат подигнати на ниво на таканаречено „стратешко партнерство“.

За време на нејзината посета, Харис ја претстави новата Јужноазиска регионална канцеларија на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), која се отвора во време кога Виетнам се соочува со најголемата појава од почетокот на пандемијата. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 е во пораст во земјата.

Харис пристигна во Виетнам во вторникот вечерта по дводневната посета на Сингапур, како дел од кратката турнеја низ Југоисточна Азија и во четврток ќе замине од Ханој.

Loading...