Калиопи, Тони Зен, Слаткаристика и Лука Чомбе ќе пејат за ослободувањето на Куманово

Сподели со своите пријатели

Калиопи, Тони Зен, Слаткаристика, кумановецот Лука Чомбе и Еда Јакупи ќе настапат на градскиот плоштад во Куманово на 10ти ноември по повод Денот на ослободување на градот.

Концертот започнува во 20 часот, а е во организација на Фондацијата за култура и спорт.

Станува збор за традиционален концерт по повод Денот на ослободување на градот од фашистичкиот окупатор, а воедно се одбележува и како ден кога градот е основан.

Куманово годинава ќе одбележи 506 години од своето постоење и 81 година од ослободувањето.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Мухамет Идризи во Куманово