Калифорнија ја тужи Тесла за расна сегрегација

Сподели со своите пријатели

Сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против Tesla за наводно извршување на „расна сегрегација на работното место“ во нејзината фабрика во близина на Сан Франциско.

Loading...

Според „Гардијан“, калифорниското Министерство за правично вработување и домување (DFEH) објави дека поднело тужба поради наводна широка дискриминација и малтретирање на црномурести вработени, откако добиле поплаки од стотици работници во фабриката на Tesla во Фремонт.

„По добивањето стотици поплаки од вработените, DFEH докажа дека фабриката Тесла во Фремонт е работно место каде што се врши расна сегрегација, каде работниците со темна кожа се изложени на расни навреди и дискриминирани во однос на работа, дисциплина, плата и подобрувања, од кои сите создаваат непријателска работна средина“, рече директорот на DFEH, Кевин Киш.

DFEH тврди дека црните работници во Тесла биле изложени на расистички графити и расни навреди.

Коментирајќи ја тужбата, претставници на Тесла рекоа дека таа е „неоснована“ и најавија дека ќе побараат од судот „да го прекине случајот додека не се преземат неопходните чекори за проверка на фактите и доказите“.

Компанијата тврди дека DFEH „одбила да и достави на Tesla докази за конкретни наводи или фактичка основа за тужбата“.

„Нападот на компанија како Тесла, која направи толку многу добро за Калифорнија, не треба да биде главна цел на државна агенција која има обвинителски овластувања“, се вели во соопштението на компанијата.

„Интересите на работниците и основната правда се наш приоритет број еден. Тесла силно се спротивставува на сите форми на дискриминација и вознемирување и има посветен тим за односи со вработените кој одговара и ги истражува сите поплаки“, се додава во соопштението.

Loading...

Минатата година, федералниот суд во Калифорнија нареди на Тесла да плати отштета од речиси 137 милиони долари на поранешен вработен со темна кожа, кој тврди дека претрпел расна злоупотреба додека работел во Фремонт.

Овен Дијаз, кој работел таму во 2015 и 2016 година, тврди дека бил малтретиран и секојдневно се соочувал со „расни епитети“, како и дека другите вработени цртале кукасти крстови и расистички графити и цртежи во фабриката.

Судот на Дијаз му досуди 6,9 милиони долари отштета за емоционален стрес и 130 милиони за кривично дело, што се смета за најголема сума во овој вид на пресуди.