Калас: На Русија не може да ѝ се верува, Путин не сака да прави отстапки

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска изјави дека на Русија не може да ѝ се верува откако Москва се согласи привремено да ги запре нападите врз украинските енергетски постројки за време на телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Калас во изјавата за новинарите во Брисел рече дека е јасно, врз основа на изјавата по разговорите, дека Русија всушност не сака да направи никакви отстапки, пренесе Ројтерс.

Путин одби да го поддржи целосниот 30-дневен прекин на огнот предложен од Соединетите држави, соопшти агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците објавија снимка од нападот: „Па вака ли изгледа паузата на Путин во нападите? (ВИДЕО)

Путин во телефонскиот разговор со Трамп во вторникот рече дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да бидат прекинати во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.