Преку ноќта во планинските региони облачноста се намали и таму утринава е ведро, а по котлините остана ниска облачност или магла. Магла утрово има во Скопје, Струмица, Штип, Куманово и Тетово, а магливо е во Пелагонија и Гевгелија.
Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Преку денот в ремето ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег.
Ќе дува слаб југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени, во котлините со магла од 4 д 9 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 9 степени.

