Какво време носи новата работна недела?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 17 степени.

Во вторник ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд.

Потоа во наредните денови ќе има пораст на температурата.

Leave a Reply