Какво време може да очекуваме денеска и во деновите што следуваат?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде умерено до повремено значително облачно, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а во планинските региони снег ќе провејува понекаде и на пониските.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе изнесува еден степен под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до 9 степени целзиусови.

Во овој период ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и претежно на планините повремено ќе провејува снег.

Преку ноќта кон петок од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег.

Утринските температури до петок во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се покачат.

Loading...

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе започне во сабота, велат од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply