Какво време ќе имаме за утрешниот празник?

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне по одделни котлини низ Македонија ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Куманово утринава се разбуди со слаба магла и температура од околу три степени.

Во текот на денот низ кумановско ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжен рокот за прибирање предлог- проекти за културни манифестации (ВИДЕО)

 

 

Утре во Куманово и околината ќе имаме исто така сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални три степени во утринските часови, до максимални 21.

 

 

Loading...

Слично време се очекува и во следните денови.

Никола Ивановски