Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината.
Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 31 степен целзиусов.
Сончево време со мала облачност ќе имаме во недела, со слаб до умерен ветер од север и северозапад.
Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до 31 степен целзиусов.
Променливо облачно, но топло време ќе имаме во понеделник, на Денот на независноста.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурите ќе се движат од минимални 13 до максимални 31 степен.
Слично време ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела.
Никола Ивановски