Какво време ќе имаме во Куманово овој продолжен викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне времето ќе стане променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штипјани приведени во Куманово: Возачот имал забрана, а сопатниците наркотици

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови.

 

 

И во недела ќе се задржи претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 2 до максимални 13 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и претстојната работна недела.

Никола Ивановски