Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне, претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои од повисоките места врнежи од снег.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време.
Ќе дува слаб до засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу два степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 4 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди, но и услови за повремен дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 3 степени, а дневниот максимум ќе достигне 6 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи околу 3 степени, а максималната се очекува да се искачи до 11 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.
Никола Ивановски

