Во Куманово и околината во текот на денешниот ден ќе имаме сончево до умерено облачно време.
Loading...
Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 13 степени.
Во текот на ноќта ќе настапи заоблачување кое ќе донесе врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти на 3 степени.
Услови за дожд ќе има и утре, кога ќе биде и значително постудено со максимална температура од 6 степени целзиусови и утринска околу нулата.
Веќе од петок ќе продолжи стабилното време со сончеви периоди и повисоки температури.
Никола Ивановски