Ако се борите со спиењето, може да се фрустрирате со себе, што иронично го отежнува заспивањето.
Во тој случај, експертите препорачуваат да изедете едно овошје пред спиење.
На некои луѓе им е тешко да заспијат, особено во летните месеци бидејќи им пречи високата топлина и недостатокот на кислород.
Експертите објаснија дека недоволното спиење поради лошиот распоред на спиење може да доведе до безброј здравствени проблеми, а исто така ги намалува физичките и менталните способности во текот на денот, пренесува N1 Zagreb.
Но, постојат овошја кои можете да ги јадете пред спиење и кои ќе направат да се чувствувате многу подобро кога ќе се разбудите наутро.
Јадете киви за да се опуштите
„Кивито со години е дел од рутините на многу луѓе пред спиење, а науката ја потврдува вредноста на кивито како средство за спиење“, велат тие.
Киви содржи високи количини на серотонин и антиоксиданси, како и витамини како фолати и витамини од групата Б, кои можат да помогнат во лекувањето на нарушувањата на спиењето, како и да го ресетирате распоредот за спиење.
Исто така, не консумирајте кофеин попладне бидејќи може да остане во телото до 10 часа, пренесува 24 часа.
Студијата од 2015 година од Јаманака и соработниците покажа дека РЕМ спиењето е намалено за 10,5 отсто кај луѓето кои интензивно вежбале пред спиење.
Тоа е време кога вашиот мозок ги консолидира вашите сеќавања, работите научени во текот на денот ги посветува на долгорочна меморија, а исто така е време кога сонувате најсликовито, пишува Mirror.
Затоа, доколку ве мачи несоница, вежбајте наутро или рано попладне.