Какво ќе биде времето за претстојниот празничен викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат.

Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежнооблачно време со кратки сончеви период.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до шест степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

 

 

Претежно сончево време со мала облачност ќе биде времето утре на Бадник. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне девет степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во сабота, на Божиќ, ќе имаме сончево време со мала облачност и релативно топло за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, а температурата ќе биде во интервал од -3 степени во утринските часови, до максимални 10 во текот на денот.

 

 

Слично време, со сонце и мала облачност, ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -2, а максималната днавна околу девет степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Портокалов метео аларм за силен ветер и високи температури

 

Loading...

 

Од понеделник се очекувамал пад на температурите, облачно време и услови за дожд во првиот дел од работната недела.

Никола Ивановски