Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места.
Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.
Во текот на ноќта кон вторник е можна појава и на слаб снег, кога температурата на воздухот се очекува да се спушти два степени под нулата.
Утре во кумановско ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од -2 степени до максимални пет во текот на денот.
Среда носи повторно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу четири степени под нулата, а максималната дневна температура се очекува да се искачи до четири степени позитива.
Во текот на ноќта кон четврток се очекуваат врнежи од дожд и снег.
Облачно и суво време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југоисток. Температурата ќе биде во интервал од 5 степени во утринските часови до максимални 9 во текот на денот.
Во петок ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југ. Температурата ќе биде натпросечна за овој период од годината, утринската ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 14 степени целзиусови.
Нови врнежи од дожд нѐ очекуваат веќе во сабота. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од западен, односно југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен во позитива, а максималната дневна се очекува да достигне до 11 степени целзиусови.
Недела носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од север, односно североисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна ќе достигне до седмиот степен.
Суво време, но пониски температури, нѐ очекува во наредната работна недела.
Никола Ивановски