Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со сосема слаби врнежи од дожд.
Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 22 степени целзиусови.

Утре ќе имаме сончево до умерено облачно време со локализиран дожд и грмотевици во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до 24 степени.
Пад на температурата за три степени ќе имаме во среда. Тогаш времето ќе биде облачно со слаби услови за врнежи од дожд.
Четврток веќе носи врнежи од дожд и температура од 23 степени целзусови, а исто време ќе имаме и на првиот ден од мај.
Први мај петок, според потадоците на accuweather ќе донесе врнежи од дожд и максимална температура од 23 степени.
Во сабота дождот ќе престане, но дневниот максимум ќе биде во опаѓање и ќе се искачи само до 18 степен.
Нови врнежи од дожд ќе започнат веќе во недела, кога температурата ќе изнесува 20 степени.

Никола Ивановски

