Пророштвата на Нострадамус досегаат далеку во иднината. Според познатиот Французин, 2019 година ќе биде година на правда, но и природни катастрофи како што се земјотреси и урагани во разни делови од светот.
Во многу европски земји ќе дојде до поплави. Се предвидува експанзија на тероризмот во Европа и САД, имиграцијата, тероризмот и војната ќе бидат последица на зголеменсиот верски екстремизам на Блискиот Исток. Политичките лидери ќе постигнат договори околу решавањето за климатските промени. Силниот земјотрес ќе погоди подрачја помеѓу Калифорнија и островот Ванкувер во Канада. Луѓето ќе можат да разговараат со животни. Медицината значително ќе напредува, па човечкиот животен век значително ќе се продолжи.
Баба Ванѓа за „втората деценија на следниот век“: Закани од вселената
Познатата Вангелија Димитрова (1911-1996), попозната како Баба Ванѓа, велат дека конкретно не ја споменала во 2019 година, но зборувала за „втората деценија на наредниот век“.
Според нејзините предвидувања, земјата е се побуни. Ќе се случат природни катастрофи – ерупција на вулкани, земјотреси, урагани, цунами… Прорекла и закани од вселената како што е пад на астероид или метеорит.
Ванѓа, инаку го предвидела распадот на Советскиот сојуз, терорстичкиот напад од 11 септември 2001 година, глобалното затоплување, изборот на Барак Обама.
– Сите ќе паднат, како мраз кога се топи, само еден ќе остане недопирлив – славата на Владимит, славата на Русија. Не само што ќе владее, туку ќе биде господар на светот, рекла во 1979 година при средбата со писателот Валентин Сидоров.