Кралицата Елизабета Втора бара менаџер на Инстаграм за да ги води профилите на Бакингемската палата. Огласот е објавен на официјалната веб-страница на „Кралското домаќинство“ и е отворен до 7 февруари оваа година.
Loading...
Огласот за вработување за шефот на профилот на Инстаграм доаѓа откако во последните денови се дискутираше за условите за работа во кралскиот двор.
Според објавениот оглас од кралското семејство, се бара асистент за комуникација, а тој ќе биде одговорен за мрежата и социјалните мрежи. За оваа позиција кралското семејство нуди 27 000 фунти годишно (околу 30 000 евра).