Каква е првичната излезност на гласачките места низ Куманово?

Сподели со своите пријатели

Заклучно 9:00 часот во општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 2,13% од гласачите, односно 3.639 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Податоците се базираат на обработени 92,81 отсто од избирачките места, односно 155 места.

Споредено со излезноста во исто време со првиот круг, се бележи минимално намалување, бидејќи тогаш до 9:00 часот своето право на глас го оствариле 2,75% од гласачите.

Во споредба со последните локални избори од 2021 година, во вториот тогаш за првите два часа излезноста била 4,26%.

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.

Никола Ивановски